ПОВИК ЗА ТЕКСТОВИ/ПРЕВОДИ

Авторитаризмот менува форма, мутира. Путин. Ердоган. Дутерте. Трамп. Левичарите и анти-либералите во и вон САД долго време се спротиставуваат на лажната американска и евроцентрична бинарност којa го дели светот на таканаречени западни демократии и диктатури или режими од третиот свет. Изборот на отворено расистички настроен, ксенофобичен и авторитарен американски претседател ја соголува хипокризијата на оваа бинарност. Тој ја соголува и хипокризијата на незападните режими кои ја користат оваа бинарност за да поттикнат популистички национализам и да ги промовираат своите угнетувачки владеења. Зад фасадата на национална држава, авторитаризмот поддржан од капиталот станува своја сопствена независна корпорација со франшизи кои продаваат милитаризам, мерки за штедење и надзор низ целиот свет.

Овој повик се обидува да одговори на овие општествени прераспределби предводени од профитот. Има за цел да го зголеми нашиот гнев и да ја продлабочи нашата потреба за ослободување, поттикнувајќи размена низ која ќе може да се споделуваат револуционарните енергии на транснационалната деколонизациска мисла и поетиката, да се ставаат во дијалог, интензивирани и зајакнати. Ова е глобален повик до сите писатели, мислители, читатели, интелектуалци, активисти, уметници и сите оние кои пружаат отпор да ни испратат текстови на било кој јазик што ја потврдуваат современата битка против авторитаризмот, како и нивните взаемни врски со хетеропатријархатот, расната угнетеност, капитализмот на катастрофата и насилството на колонијалните нации кои окупираат суверени нации. Сè додека не сме сите слободни, никој не е.

Особено сме заинтересирани за кратки текстови од 1 до 2 страници кои:

  • го следат емоционалното  и телесното  влијание (вклучително и генерациската траума) што  се предизвикани од угнетувања поддржани од владите, и/или
  • нудат алтернативни наративи за отпор и/или
  • ги децентрираат американските и западните наративи на исклучителност и/или
  • идентификуваат угнетувачки сили надвор од конвенционалните симболи на авторитаризмот (диктатор, тиранин, итн.)

Поеми, листи, лични наративи, дневници, приказни, опсервации, инструкции — добредојдени се на сите јазици во сите форми и жанрови, и селектираните текстови ќе бидат преведени на повеќе јазици, меѓу кои англискиот е само еден од многуте, а не целниот јазик. Испраќајте и препорачувајте текстови без превод (преводите ќе бидат нарачувани) или пак текстови со ваш или туѓ превод (а ние ќе додаваме јазици).

Селектираните материјали ќе циркулираат преку постери, памфлети и конзорциум на интернет списанија фокусирани на интернационални преводи. Ве молиме споделете, постирајте, репостирајте, препратете и циркулирајте го овој повик. Испратете ги вашите предлози на: WeTransist@gmail.com. Во нив вклучете: 1) кратко објаснување зошто вашиот текст или превод се релевантни за овој повик и 2) кои други јазици и контексти би биле најрелевантни за вашиот текст/предлог. Сите предлози ќе бидат земени без оглед на датумот кога се испратени. Преведуваме за геополитичка солидарност и револуционерна љубов.